Интернет
19. February 2018 - 18:20

Колку струја ви е потребно за да заработите 1 биткоин?

Зголемувањето на вредноста на биткоин, на преку 10.000 долари, доведе до зголемување на потрошувачката на струјата за луѓето кои сакаат да се збогатат преку ноќ.

Но, колку струја е потребно за да „изрударите“ еден биткоин?

Судејќи според најновите податоци, и ако се земе во предвид вредноста на биткоин, за секој кој ја рудари оваа валута, се исплатува да во текот на годината потрошите 24 теравати струја за решавање на сите тешки криптографски загатки потребни за рударење.

Со други зборови, потребни ви се 300 киловат часови за да се изрудари еден биткоин, пишува Гардијан.

Ако се земе во предвид додатокот дека просечната потрошувачка на струја изнесува 350 киловат часови месечно, 1 биткоин вреди нешто помалку од просечната количина на енергија која едно домаќинство ја троши за 30 дена.

Како што вредноста на биткоинот и понатаму расте, така и загатките ќе станат се потешки, а со самото тоа и потрошувачката на струја, потребна за да компјутерот ја реши.

Извор: Репортер