Бизнис
14. September 2020 - 20:04

Колку лица останаа без работа - статистиката вели 37.000, директорката на АВРМ тврди само 12.000

Ковид кризата остави без работа речиси 13 илјади лица. Агенцијата за вработување ги објави бројките на невработени заклучно со август. Од март до септември на листата невработени се евидентирале 37. 000 -  Разликата од 25 илјади, според првиот човек Јовановска е поради новопријавените млади до 29 години, вратените од странство, лицата кои се евидентирале само за да користат платежна картичка и поголемиот опфат на корисниците на социјален надомест.

Половина од невработените или над 75 илјади се без никакво образование или со завршено основно. Но има и  960 магистри на науки и 29 доктори на науки кои не можат да најдат работа.  И додека бизнисот бара итни мерки за спас на работните места, во спротивно најавува бран отпуштања, вработувањата во државната администација не застануваат. Новите министри се екипираат со старо  нови советниции, на кои им нудат плати од 50 до 60 илјади денари. Нови 36 административци бара и министерството за финансии, но таму платите се од 17 до 23 илјади денари. Во исто време, речиси 1300 вработени по Рамковен, се уште седат дома, а земаат плата. Владата неколу пати најави реформи и кратење за 20% на адмнинистартивците, но податоците покажуваат дека бројот на партиски војници наместо да се намалува и натаму расте.