Бизнис
7. јуни 2021 - 21:14

Колку ќе поскапи струјата?

ЕСМ нема да ја открие цената по која ќе ја продаде произведената струја се до 15 јуни, кога ЕВН Хоум ќе го објави тендерот. Од понудата на ЕСМ всушност најмногу зависи каква ќе биде новата цена на електричната енергија која ќе важи од август.

Интенцијата на АД ЕСМ е согласно финансискиот план и планот за производство на компанијата за 2021г. да направи пресметка со која на аукцијата на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе учествува не само со законски предвидените 70% од своето производство, туку ќе го понуди целото свое производство, по цена која нема да ја надминува сегашната од 38.8 е/MWh.

Со ова ќе дадеме можност Владата да донесе одлука за препорачана цена кон АД ЕСМ, која нашата компанија треба да ја понуди кон универзалниот снабдувач, а која ќе биде во интерес на граѓаните како крајни потрошувачи.

Со ова АД ЕСМ како компанија во државна сопственост ќе покаже општествена одговорност кон заедницата со тоа што ќе застане како фактор на заштита на сегашната крајна цена, за да не се дозволи ценовен шок, особено за социјално ранливите категории, се вели во дописот на АД ЕСМ.

Од опозцијата  пак тврди дека по 30 јуни цената ќе се зголеми до 18 проценти. 

Останатите енергетски компании МЕПСО и Електро дистрибуција веќе ги имаат доставено своите пресметки на трошоци и барања до РКЕ. Од таму посочија дека ако ги прифатат сите нивни барања, трошокот за сметка од 1.000 денари би се зголемиле за 50 денари. Нова корекција на цената на  струјата ќе бие направена до крајот на јули. Лани поскапе за 7,4 проценти на барање на државните енерегтски компании.