Бизнис
25. May 2021 - 21:14

Колку фирми банкротирале во пандемијата?

Сè повеќе фирми одат во банкрот. Европската статистика забележа дека на годишно ниво се зголемил бројот на банкротирани фирми за 7,3%, а Македонија не е далеку од тој тренд. Во земјава последната година згаснале 2.853 фирми, или 3,8% од вкупниот број. Најголем дел се од услужните дејности.

Бизнисмените велат дека здравствената, која се прелеа во економска криза, е дополнителна, но не основна причина за затворање на фирмите. Вината повеќе ја гледаат во лошите закони.

Од бизнис секторот велат дека пандемијата многу повеќе се одразила врз работните места и висината на платите, отколку на затворање фирми.

Според бизнисмените, неопходна е интервенција во законските решенија, со цел да се минимизираат можностите за т.н. изигрување на законите. Со тоа би се намалила и сивата економија, која во земјава изнесува околу една третина од бруто домашниот производ.