Џет-Сет
28. March 2018 - 10:04

Колку е ова страшно: Најболните изјави на Трамп за неговата ќерка Иванка

Во долг разговор за CNN поранешниот Плејбој модел Карен Мекдугал, која тврди дека била во љубовна врска со Доналд Трамп во 2006 година, раскажала и некои најлуди разговори која тогаш ги водела со идниот американски претседател. 
 
Таа тврди дека често ја споредувал со неговата најстара ќерка Иванка. 
 
- Ми зоруваше дека сум убава колку и таа. „ Ти си паметна девојка“, рекла Мекдугал.
 
Многумина татковци ги фалат своите ќерки - дека се паметни и убави, но вниманието на Трамп и гордоста кон Иванка се далеку од нормалното. 
 
Мекдугал не е единствена која  добила комплименти од Трамп на сметка на неговата најстара ќерка кои не се вообичаени, а претседателот има и друга историја на чудни реакции и примедби која е Иванка во прашање. 
 
Тоа исто го кажала и порно актерката Сторми Данијелс во разговорот во 2011 година за "InTouch" магазинот. И Сторми имала афера со Трамп во 2006 година и вели дека е шокирана од неговата реченица: 
 
- Ти си личност на која и треба да се обрне внимание. Убава си и паметна токму како и мојата ќерка. 
 
Доналд Трамп во 2016 година во едно телевизиско шоу имал двосмислени шеги и алудирал на  гостинките во шоуто дека би сакал да има секс со нив, споредувајќи ги често со својата ќерка Иванка.