Џет-Сет
11. May 2016 - 10:24

Kолкаво богатство ќе потроши тенисерката Ана Ивановиќ за свадбата

 
 
Тенисерката Ана Ивановиќ ќе се мажи за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер со кој веќе некое време е во врска, а се зборува дека тоа ќе биде венчавка како од бајките. Во најромантичниот град во Европа – Венеција, во луксузен хотел.
 
– Ана не сакала свадба во Србија или Белград, бидејќи знаела дека медиумското внимание ќе биде неиздржливо. Поради тоа парот се одлучил за Венеција. Свадбата нема да биде голема, со 100-на гости, бидејќи хотелот и не може да прими многу луѓе, рекол изворот.
 
Само за сместување младенците ќе издвојат 120.000 евра. Покрај тоа ќе мора да платат и превоз за гостите, како и готвачи и украсување. Се очекува Ана да нои венчаница од познат светски креатор.
 
-На гостите ќе им биде обезбеден превоз од Германија и Србија до Венеција, како и две ноќевања во „Аман“ хотелот. Секако ќе бидат ангажирани светски познати готвачи и декоратери. Се ќе чини околу милион евра, завршил изворот.