Балкан
15. July 2018 - 13:25

Колинда пред финалето проговори руски: Погледнете што им порача на Русите на пат кон Москва

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ во текот на летот до Москва на финалето на Светското првенство во фудбал меѓу Хрватска и Франција, и се обрати на Русија и на руски јазик им се заблагодари на Русите.

„Здраво, руски навивачи. Во името на хрватските навивичи, и се заблагодарувам на Русија за срдечното добредојде. Вие сте прекрасни домаќини. Денеска навивајте за Хрватска! Ајде да се радуваме заедно, благодарам Русијо! Напред Хрватска!“ се наведува во видео пораката на хрватската претседателка упатена од авионот.

Грабар-Китаровиќ ќе присуствува на финалниот натпревар од СП во фудбал кое ќе го гледа од ВИП ложата на стадионот „Лужники“ во Москва.

Соопштено е дека во неделата хрватската претседателка заминала за Москва со комерцијален лет.

Помошникот на рускиот претседател за надворешна политика Јуриј Ушаков претходно соопшти дека рускиот лидер ќе се состане со претседателите на двете земји кои влегоа во финалето на Светското првенство во фудбал - Колинда Грабар Китаровиќ и Емануел Макрон.