Живот
16. July 2018 - 13:27

Колинда го однесе Путин во хрватската соблекувална, а кога влезе кај Французите настана хаос и интервенираше обезбедувањето

Вчера сите ја видоа непријатната ситуација со чадорите, кога единствено хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ остана сама на дождот, додека за Владимир Путин и Емануел Макрон експресно се најдоа чадори за дождот кој почна ненадејно да паѓа.
 
Сагата со чадорите продолжи, овој пат во француската соблекувална, а ситуацијата беше уште посмешна. Како што се гледа на снимката, Французите, кога во соблекувалната им дојдоа Путин, Макрон и Грабар Китаровиќ, во еден момент отворија шампањско кое почна да прска на сите страни.
 
 
Но, обезбедувањето на Путин експресно одговори на „нападот“ и отвори чадор со цел да го зашитите рускиот шеф од капките шампањско. Овој пат, ненамерно, ја заштитија и хрватската претседателка.