Македонија
16. November 2018 - 12:32

Колекторскиот систем во Охрид е пред целосен колапс

Сеуште се чека одлуката на Владата за превземање на колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро.Колекторот е пред целосен колапс голем дел од непречистените фекални и отпадни води се влеваат во реката Црн Дим и езерото кои преставуваат потенцијална еколошка бомба.

Градоначалникот Стојаноски потенцира дека приоритет во инфраструктирните работи во Охрид е токму колекторскиот систем.

Добрите познавачи во изминатиот период посочуваа дека пречистителната станица е преоптоварена и во катастрофална состојба.

Инаку колекторскиот систем е изграден пред три децении и има капацитет да преработи и прочисти дневно до 40.000 метри кубни отпадни води од двата крајезерски  града.