Македонија
10. December 2018 - 18:19

Колегите со последен поздрав за Горан Стефановски

Драмскиот театар се прости од Горан Стефановски. Смртта на еден од најреномираните драмски писатели ќе остави огромна празнина на македонското културно небо, а неговите дела допрва ќе се раскажуваат и прикажуваат. Ова беше истакнато на емотивната комеморација во Драмски, каде што низ анегдоти и цитати од неговите драми беше прикажан неговиот животен пат и дело.

Неговите колеги со пиетет зборуваа за човекот кој во секоја смисла се идентификуваше со театарот.

Стефановски беше една од најзначајните појави во македонската повоена книжевност. Оригинален и посебен.

Сочувство до семејството на врвниот драматург преку телеграми изразија претседателот Иванов и премиерот Заев, а Стефановски - човекот кој остави неизбришлива трага во нашето културно и општествено живеење беше испратен со неколку минутен аплауз.