Колариќ: Шилегов нема ставено еден метар асфалт на готовиот проект за бул.„Борис Трајковски“
Еве го на дело неработењето и предизборните лажни ветувања на Петре Шилегов.
Пред еден месец неработникот Шилегов токму на ова место помпезно го најави проектот за продолжување на Булеварот „Борис Трајковски“.
Еден месец тука си одморија два багера колку да се гледа дека нешто ќе се работи. Но денес гледаме дека багерите ги нема, а ниту пак нешто се сработи, ниту пак нешто се поместило од првобитната состојба.
Уште една голема лага на најголемиот неработник во Градот Скопје – Петре Шилегов. Лажни ветувања само пред избори и појавувања пред камери за да народот мисли дека неработникот нешто работи.
Внимавајте, Шилегов наследи готов проект за довршување на Булеварот „Борис Трајковски“ уште во 2017, Шилегов и покрај виртуелните филмови и сликања не успеа ниту еден метар да асфалтира.
Сеуште неговата администрација ги нема решено проблемите со експропријација на имотите на физичките и правни лица на овој дел од трасата.
Срамота е градоначалниче,
Наместо парите на граѓаните да ги трошите на преплатени чешми, плочки, клупи, жандинерии, наместо да го распродавате имотот на Град Скопје или пак да си ги вдомувате партиските послушници, земете конечно да го решите овој проблем со кои се соочуваат илјадници скопјани од овој дел на градот.
Скопјани на следните локални избори ќе стават крај на неработењето на вашето неработење.
Виртуелни наочари немаме за вашите скапо платени виртуелни и неостварени проекции, но затоа бараме вистински дела, дела кои вие не можете да им ги дадете на граѓаните.
Македонија е за сите луѓе, а градот Скопје во октомври ќе го добие вистинскиот градоначалник.
Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација