-->
-->
Кокошков: Во финалето ќе играме против Србија, а ќе победи Словенија
-->
Српскиот стратег на кормлото на кошаркарската репрезентација на Словенија, Игор Кокошков очекува во финалето на Европскиот шампионат чија завршница се игра во Истанбул, Словенија за противник ќе ја има Србија, но дека ќе победи неговиот тим.
„Очекувам во финалето да играме против Србија, но сигурно ќе победи мојот тим“, изјави Кокошков по победата над Шпанија во полуфиналето.
Оценувајќи ја играта на својата селекција, Србинот откри дека неговите избраници не се плашат од никого и дека имаат доволно сила да истуркаат до крај, односно да ја освојат титулата.
Во интервјуто за белградски „Блиц“ искусниот тренер кој долги години работи во НБА лигата, најави и повлекување од селекторската функција.
„Имајќи ги во предвид новите промени кои ги воведе ФИБА, како и мојот ангажман во НБА, бидејќи нема да можам понатаму ова да го работам, моја најголема желба беше да ги завршам овие натпреварувања на ФИБА, со голем резулат и нешто да оставам зад себе“, изјави Кокошков.
Дали предвидуваење на Кокошков ќе се оствари останува да се види, најнапред вечерва по полуфиналниот меч меѓу Србија и Русија (20:30 часот), а потоа и по големото финале закажано за во недела. ит/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени