Балкан
14. March 2017 - 21:33

Коки го немаше 5 дена, а потоа обдукција ја откри страшната вистина за неговата смрт

Смртта на десетгодишниот Константин Стијепиќ од Лопаре ги вознемири оние кои се денови трагаа по него, а обдукцијата покажа дека детето починало од смрзнување 3-4 дена по исчезнувањето.

Од Окружното обвинителство Бијељина соопштија дека обдукциајта е извршена вчера по наредба на обвинител откако телото на детето е пронајдено во неделата на 12. март на локалитетот Поток на Мајевица.

Детето, кое боледувало од аутизам, исчезнало од пред семејната куќа во селото Лпиовице на Мајевица на 7 март, а потрагата по него почнала следниот ден и биле вклучени од 200 до 300 луѓе.

Според некои претпоставки, детето можеби настрадало ден по исчезнувањето од домиот, зошто ноќта меѓу вторникот и средата паѓал дожд и на планината било многу студено.

Константин, освен родителите, има и сестра две години постара од него која оди во основно училитше.