Македонија
3. December 2022 - 16:39

Која се храна ќе поскапи од 1ви јануари - Презентирани детали од буџетот

Пршути, луксузни кашкавали, сирења, зачини, семиња од киноа, чиа, сите видови млеко – освен обичното, џемови , авокадо, манго, кокос, тартуфи,  путер од кикирики, специјализирани џемови, морски риби и плодови од нова година ќе се продаваат со зголемен данок за 5%.

Се работи на листата производи, кои со даночната реформа, ќе се даночат со 10 отсто. Целта  е поскапувањето да не го осетат обичните граѓани, туку оние со високи примања, на кои повисоката цена, нема да им го оптовари буџетот, велат од власта.

Во предлог буџетот за следната година има повеќе пари за помош на ранливите категории граѓани, за субвенционирана струја за домаќинствата и компаниите производители на основни прехранбени прозиводи. ЕСМ е задолжена да обебедува струја,  а државата финансиски ќе им помага.

Лидерот на опозицијата Мицкоски пак вели дека економската ситуација е алармантна, а држвата наместо развој и стабилност промовира помош за сиромашните. Потребни се повеќе инвестиции и капитални проекти, а не социјални пакети, вели Мицкоски

За да не остане без струја Клиничниот центар, Владата делумно ќе им помогне, односно ќе плати дел од долгот.  

Ќе распредели пари од  институциите кои не ги потрошиле. За останатите загубари, кои со години не ги плаќаат сметките, ќе се бара решение, но и одговорност.