Живот
8. April 2016 - 14:42

Која нација има просечно најголем коефициент на интелигенција?

 
Која нација има просечно најголем коефициент на интелигенција? Кој е просечниот коефициент на интелигенција во вашата земја? Сајтот „ IQ Research“ направи ранг листа која ги прикажува државите со највисок и најнизок коефициент на интелигенција.
Овие резултати се плод на четиригодишно истражување на професорот по психологија Ричард Лин и Тату Ванханен, професор по политички науки од Велика Британија и Финска.
 
Тие студијата ја спровеле во 80 земји, а резултатите покажале дека постои врска помеѓу богатството и висината на коефициентот на интелигенција.
 
Истражувањето секако предизвика доста контроверзи, како што и пишува на самата интернет страна, но дури и доколку не е целосно точно секако интересное да се погледне.
 
Првото место го зазема Хонг Конг со 108 бодови додека на последното место е Екваторијална Гвинеја со 59. Македонија има 91 бод и се наоѓа на 16. место, Хрватска и Босна и Херцеговина се задн нас со 90 поени со што се најдоа на 17. позиција, а Србија со 89 бодови се наоѓа на 18 место.
 
Целата листа можете да ја поглднете ТУКА.