Македонија
25. October 2018 - 17:23

Која ќе биде судбината на Законот за јазиците?

Законот за употреба на јазиците ја изнесе на виделина длабоката етничка поделеност, која се рефлектира и внатре во институциите, е заклучокот на Студијата за проценката - како содржината на Законот влијае врз македонското општество.

Спроведената анкета во рамките на истражувањето покажува дека на Законот му фали општествена поддршка, а граѓаните, иако не се добро запознаени со неговата содржина, се наклонети кон негово усвојување во зависност од етничката припадност, но и од политичката определеност.

Говорејќи за улогата на Собранието во процесот на носење на Законот, претседателот на Собранието посочи дека со непотпишувањето на Указот, претседателот Иванов ги прегазил уставните норми и го изгубил легитимитетот како шеф на државата.

Во насока на подобра имплементација на Законот за употреба на јазиците, авторите на Студијата препорачуваат негово враќање во повторна постапка, спроведување на попис, професионализација и дигитализација на администрацијата, бесплатни обуки за државните службеници, како и отворање на јавна дебата.