Свет
2. јуни 2018 - 15:52

Кој смее да го прекине говорот на Путин? Некој тоа го направи двапати, а рускиот претседател реагираше така како што никој не очекуваше

Претседателот на Русија Владимир Путин два пати го прекина настапот посветен на Денот на заштита на децата, поради плачот на едно бебе.

Претседателот на Русија настапуваше во Александровската сала во Кремљ пред доделувањето на орденот „Родителска слава“ на семејставата со многу деца. Путин беше принуден за застане, кога во салата заплака дете.

„Мора кај мајка му, сега ќе се смири“, рече претседателот на Русија.

По неколку моменти рускиот лидер го продолжи говорот, но повторно мораше да направи пауза, откако дете повторно заплака.

„Го исплашиле малечкото“. Ништо, сега ќе се смири“, искоментира Путин.

Ордените “Родителска слава“ се врачени на мајките и татковците со седум и повеќе деца.