Македонија
9. February 2020 - 16:32

Кој ќе стопанисува со Охридското езеро?

Сеуште неизвесно кој ќе стопанисува со Охридското езеро. Откако Владата го раскина договорот со концесионерот „Летница- белвица“, поради нерегуларности во работењето дел од екологистите предлагаат одговорноста да ја преземат локалните власти на Охрид Струга и Поградец .Наумоски вели дека на овој начин преку регионална соработка и сателитска контрола ќе се заштити рибниот фонд чија состојба  е алармантна.

Рибарите пак не ја исклучуваат можноста самите да се здружат и да дадат своја понуда на наредниот оглас за доделување на езерото под концесија

Инаку поради немање на концесионер втора година по ред не се врши лов на охридската пастрмка за вештачки мрест, од која во овој период се собира икра.