Бизнис
12. July 2019 - 16:57

Кој ќе стопанисува со Охридското Езеро?

Кој ќе стопанисува со Охридксото езеро? Има ли неправилности во постапката за избор на новиот концесионер?

Според медиумите, од почетокот на постапката за избор на концесионер има пропусти односно дека при отворањето на понудите недостасувал документ за финансиска способност на фирмата која подоцна и ја добила концесијата. Не биле доставени документи за вработените лица и нивните лиценци, што исто така е услов за добивање концесија. Сосптваникот на фирмата пак имал негативна референца за оваа област што значи дека не смее да учестѕвува во процедурата. Соглансо правилата, тој требало да биде остратнет од постапката при аплицирањето и да биде парично казнет.

Од Министерството за земјоделство пак појануваат дека постапката за избор на концесионер ја спроведува комисија формирана од владата и составена од членови од повеќе министертсва и дека таа се уште не е завршена и сите заинтересирани понудувачи имаат право на жалба до Државната комисија за одлучување за жалби по јавни набавки.

„Со оглед дека комисијата ги евалуирала комплетните понуди и спровела електронска аукција по која доставила предлог за избор за понудувач кој понудил највисок концесиски надоместок секој понудувач доколку цени дека е направен превид при одлучувањето има право на жалба до второстепена комисија. Доколку има поднесено жалба до второстепената комисија, истата е надлежна да одлучи по истата и даде насоки за натамошно постапување со донесување на решение“, стои во соопштението.

Проблемот со конеционерот на Охридското езеро доаѓа во момент кога градот се соочува со закана да биде избришан од листата на УНЕСКО.