Македонија
21. August 2019 - 17:16

Кој ќе раководи со СЈО? Дали СЈО е блокирано со апсењето на Јанева?

Што ќе се случи со специјалното јавно обвинителство доколку на првиот човек Катица Јанева и се одреди притвор за случајот „Рекет“? Ова е главното прашање за функционирањето на СЈО имајќи предвид дека Јанева е единствениот обвинител во СЈО, а останатите работат со нејзино овластување.

Јавниот обивнител Љубомир Јовески упатува на Законот за јавно обивнителство и вели Советот на обивнители да одреди вршител на должност од редот на обвинителите во СЈО.

Можноста за ве де шеф во СЈО пак, собраниски извори ја исклучуваат. Велат за Јанева треба да се поведе постпака за разрешување, а потоа да се избере нов обвинител на СЈО преку процедурата во парламентот.  Дотогаш СЈО е во мирување.

Тие упатуваат на член 18 од  Законот за специјално јавно обвинителство, каде што пишува дека обвинител може да биде разрешен пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Постпаката ја започнува Советот на јавни обвинители кој треба во разумен рок да достави извештај за утврдената фактичка состојба до парламентот. Потоа преку Комисијата за избори именувања треба четирите најголеми партии да изготват предлог за разрешување, за кој е потребно да гласаат 2/3 од пратениците. Разрешувањето треба да биде потврдено и од Советот на обвинители.