Македонија
19. јуни 2019 - 17:13

Кој ќе продолжи да управува со „Дрисла“?

Италијанскиот концесионер продолжува да работи и се надева на судска разрешница за спорот кој го води фирмата Шолц против градот за административни нерегуларности при тендерската постапка кога е избрана италијанската фирма. Инвеститорот ДОменико Ферацоли вели дека се испочитувани сите обврски од договорот и  работат согласно проектот.

- Ние сметаме дека сме почитувале се што е потпишано со договорот и дека правдината е на наша страна. Во македонија СДИ се заштетени токму тоа е едниот аспект на доближување на Македонија до ЕУ , затоа имам верба во судовите бидејќи сите факти се многу јасни и се надевам дека на крај ќе излезе решение и ќе се разјасни се.

- Во спротивно би било многу лошо не само за Дрисла туку и за Македонија како пример кн ЕУ и за следните инвеститори кои би сакале да доаѓаат во МКД.

Според Ферацоли финанскиските реперкусии се неизбежни со оглед дека инвестицијата е започната и преземени се обврски со големи снадбувачи. Тој тврди дека имаат издадени финансиски и корпоративни гаранции но се надева дека нема да дојде до тоа и за 6 години ќе се пофалат дека создале депонија според сите европски стандарди во која од смет ќе се  произведува енергија.  Директорот на депонијата пак вели дека поставени се потребните филтри на медицинската печка и до ноември ќе биде инсталиран и стерилизаторот.

Фирмата од Германија води спор во обид да докаже дека актуелниот концесионер незаконски е избран на тендерот.

Во меѓувреме градоначалникот Шилегов предложи избор на нова фирма за што формираше комисија.

И покрај контроверзноста според Шилегов новиот избор бил неопходен, за да не дојде до банкрот на градската каса. За таа цел советот на градот избра конзорциум од три фирми германската Шолц, хрватска ЦИОСдоо и Сплендор мак доел од Македонија по пресуда на Вишиот управен суд велат од градот. Со тоа се става крај на агонијата на граѓаните со Дрисла и се создава можност да прерасне во модерна депонија.  Претходно Шилегов неколку пати го критикуваше работењето на депонијата а лани државниот инспекторат за животна средина ја казни Дрисла со 9.000 евра парична глоба по Законот за амбиентален воздух. Последните три години само депонијата е казнета при вонредните контроли за откривање на загадувачите на воздухот во Скопје.