Фудбал
16. јуни 2017 - 14:49

Кој ќе плати 180 милиони за Роналдо

Најдобриот играч во светот за 2016 година, Кристијано Роналдо сака да си замине од Реал Мадрид, тврди португалскиот весник „А Бола“. Како основна причина за можното заминување на Роналдо се притисоците кои ги има Португалецот поради неплатените даноци во Шпанија. 
 
Роналдо е обвинет дека затаил 15 милиони евра данок кои требало да ги плати на државата. Според некои најави, тој може да добие и затворска казна. Вознемирен од сето тоа, Португалецот најавил дека ќе си оди од Реал Мадрид. 
 
Се шпекулира дека Реал ќе сака да го продаде, доколку некој тим за него плати барем 180 милиони евра. Таа сума за Роналдо сигурно ќе има клубови кои би ја платиле.