Бизнис
12. July 2018 - 19:46

Кој ќе менаџира со најпознатите плажи во Охрид

Сеуште не се знае кој ќе стопанисува со најатрактивните плажи во центарот на Охрид.

Приговори до општинската комисија поднеле сите кои учествувале во електронското надавање дури и лица кои не учествувале.

Комисијата има рок од пет дена да разгледа и одлучи по приговорите а додека трае постапката со плажите ќе управуваат досегашните концесионери.

Со оглед на тоа што концесионерите кои ќе ги изгубат  плажите имаат обврска да ги вратат истите во првобитна состојба од локалната се надеваат дека постои можност за договор за да не се руши сето она што е изградено.

Концесионерите револтирани ,тие бараа да им се продолжи времетраењето на концесиите на подолг период поради претрпените штети од невремето а наместо тоа можат да ги изгубат плажите во кои инвестирале .

Инаку на јавното надавање за плажите под концесија беа достигнати суми  над 100 илјади евра годишно.

Плажите се издаваат под  закуп за период од  5 години.