Џет-Сет
24. May 2016 - 19:11

Кој ќе ја добие, ќе може да оди на роденденот на Анастасија

Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ во среда ќе го прослави својот 18. роденден со гламурозна журка во познат белградски хотел.

За финалните подготовки беше задолжена сестрата на Цеца Лидија, а Анастасија откри дека за журката отпечатиле специјални покани, кои ги добиле само одбрани.

Анастасија учестувала во осмислувањето на дизајнот на поканите, кои изгледаат мнгоу елегантно. Белата хартија е украсена со светкави детали и розова машна.

„Почитувани, во среда на 25.05.2016 се 18 години од раѓањето на нашата Анастасија. Би сакале по тој повод и Вие да бидете дел од нашата прослава. Се гледаме. Семејство Ражнатовиќ“.