Македонија
31. March 2023 - 21:14

Кој ќе ги пишува уставните амандмани?

Со уставните измени нема да се брза тврди висок владин претставник. Со ова, на пониско ниво се согласиле и странски претставници во земјата бидејки сметале дека процесот мора да биде успешен. Сепак, измените на Уставот ќе треба да финишираат во ноември за да се отворат преговорите.

Ваквите ставови доѓаат само неколку дена откако премиерот Ковачевски рече дека нема одложување на процесот, но работната група која што беше најавена за оваа недела се уште не e формирана. Според нашите информации таа најрано би можела да се формира наредната недела. Иако консултации течат меѓу правда, кабиентот на Ковачевски и кабиентот на Пендаровски се уште не е познато ни колку членови ќе брои оваа група, ниту пак, кои се екпертите што треба да ги нашишат амандманите.

„Се бараат експерти кои ќе се нафатат процесот да го тераат до крај, а не како во историската комисија со Бугарија каде експерти влегуваа и излегуваа“, вели нашиот владин извор.

Освен експертско ниво, ќе има и претставаници од политичките партии. Тие најверојатно ќе бидат пратеници. Опозицијата се уште одбива да биде вклучена во процесот.  Мицкоски вели дека власта прави замена на тези кога вели дека со внесување на Бугарите во Уставот ќе се направело раздојување на македонскиот и бугарскиот народ.  

Од друга страна, иако приоритет на работната група треба да биде промената во Преамбулата за да се дополни листата на народи во Уставот, од албанскиот блок се уште тврдат дека има шанса да се отворат и други прашања. Иако беа одбиени од Ковачевски од партијата на Таравари се уште бараат алабнскиот јазик да стане официјален. ДУИ засега не го открива својот став по ова прашање, но министерот Османи најавува средба на владините коалициски партнери за тоа што треба да опфаќаат уставните измени.