Живот
6. December 2016 - 13:15

Кој ќе биде личност на годината?

Рускиот претседател Владимир Путин, новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, како и неговиот противкандидат Хилари Клинтон влегоа во потесниот круг за избор за личност на годината на американското списание Тајм.

Во потесниот избот влегоа 11 политичари научници, бизнисмени, јавни личности и ѕвезди од шоу бизнисот. Меѓу нив е и турскиот претседател е Реџеп Таип Ердоган, премиерот на Индија Нарендра Моди и поранешниот лидер на УКИП, Најџел Фараж.

Победникот ќе биде прогласен утре, на 7 декември. Тајм за личност на годинаа во 2015 година ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел.