Македонија
8. November 2018 - 16:17

Кој и со колкав процент учествува во загадувањето на воздухот - има ли Македонија прецизни анализи?

Загревање на домовите, сообраќај, индустрија – колкав удел имаат тие во вкупната загаденост на амбиенталниот воздух?

Институциите и граѓанските здруженија не се согласуваат со податоците од студијата на градот Скопје која ги лоцира најважните загадувачи..

Според овој документ изработен во соработка со австриската Агенција за животна средина и метеоролошкиот институт на Финска, најголеми загадувачи се домаќинствата.. За граѓанските организации ова е неприфатливо.

 Следејќи ги мерните инструменти, утврдиле оти и во лето кога не е потребно затоплување, има екстремно висока загаденост..

Според студијата, во загадувањето на воздухот учествува и сообраќајот.

Бесплатен автобуски превоз, забрана за возила на Водно, дотур на роба во одреден термин – ова беа дел од мерките кои до сега беа применува за намалување на загадувањето во градот.

Инаку подолг период, неколку мерни станици во главниот град не покажуваат дали има загадување на воздухот.

Од Министерството за животна велат дека тие се на поправка и ќе проработат штом заврши нивното сервисирање..

Според последните анализи на Светската здравствена организација, Македонија е рангирана како држава со  најзагаден воздух во Европа.

Тетово и Скопје пак многу често се на врвот според загаденост во светот на странските апликации кои го следат квалитетот на воздухот..