Македонија
27. July 2019 - 16:34

Кој и што гради во парк шумата Гази Баба? Градот Скопје на терен

Во рок од 3 дена градежните работи на влез од  Парк Шумата Гази Баба мора да престанат, а сопствениците да го вратат земјиштето во првобитна состојба.

Локалните власти се заканија со кривични пријави доколку сопствениците не постапат. Нема преговори за заштитената парк шума, отстранувањето на машините и песокот ќе биде на трошок на соптвеникот.

Овој простор бил вратен со денационализација а сопственикот неофицијално почнал да гради паркинг за камиони.

Интерес за градење во парк шумата имало и од страната на Бутел, Чаир , Железара но ова подрачје на површина од 120 хектари е заштитено со закон. Ѓорѓиевски уверува дека во паркот ќе остане зеленилото и ќе служи за спорт и рекреација. На езерото Треска пак Владата дозволи да се градат хотели и викенд населба. Со оваа одлука,  предизборното ветување се остварува тврди градоначалникот Шилегов.

Дел од земјоделското земјиште во селата Глумово и Шишево ќе се пренамени во градежно. Наместо градот и општина Сарај, приватен инвеститор ќе го ревитализира езерото Треска кое не функционално две децении. Најактрактивниот спортско рекреативен центар беше изграден пред 40тина години со самопридонес на скопјани.

Службите се фатија за работа откако градоначалникот Шилегов се закани со казни. Генерална чиста викендов се прави во сите општини. ВМРО ДПМНЕ пак обвинува дека Шилегов не сторил ништо за градот Скопје. Наместо ветениот живот, граѓаните добиле смет по улици и казни и наместо зеленило ток кришум ги сечел дрвјата во Аеродром стои во реакцијата на опозициската ВМРО ДПМНЕ.