-->
-->
Кој е (беше) државниот секретар Тилерсон
-->
- Рекс Тилерсон, сега веќе поранешен американски државен секретар, член на Републиканската партија, инженер, чие богатство се проценува на 245 милиони долари, на тоа место дојде 1 февруари 2017 од позицијата извршен директор на американската нафтена компанија Ексон мобил, како еден од најдобро платените директори во светот.
Се наоѓа на 25. место на листата на Форбс, а според пишувањето на медиумите блиски на Путин и добитник на најголемото руско одликување, кое им се дава на странските државјани.
Неговата плата минатата година изнесувала 27, 3 милиони долари. Тилерсон стекнал околу 160 милиони долари од акциите во Ексон, плус 149 милиони долари од други акции, според податоците кои таа компанија ги достави до Комисијата за хартии од вредност и берзата.
Бил претставник на Ексон мобил во Русија во време кога на власт беше Борис Елцин, а денешна Москва го квалификуваа како конструктивен и професионален соговорник.
Во таа смисла бил и означен како соработник на Трамп, кој се залага за најдобри можни односи со Русија. Тој беше противник на сакциите воведени на Русија.
Стапи на должност на 1 февруари 2017 година, кога неговиот избор беше потврден од Сенатот на американскиот Конгрес.
Трамп го менува во очи на најавената средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, бидејќи го смета за премногу „естаблишментски настроен“.
Имаше неколку значајни разидувања со Трамп во врска со Северна Кореја, при што, како што наведуваат медиумите, Трамп се заканувал со „оган и бес“, а Тилерсон барал мирни решенија.
Несогласувања имаше и во врска со нуклеарниот договор со Иран, каде што Тилерсон бараше, шестката, која го потпиша тој договор со Иран, да го почитува потпишаното, наспроти Трамп, кој заговараше укинување на договорот и зборуваше дека ќе го „погреба“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј