-->
-->
Кој е (беше) државниот секретар Тилерсон
-->

Се наоѓа на 25. место на листата на Форбс, а според пишувањето на медиумите блиски на Путин и добитник на најголемото руско одликување, кое им се дава на странските државјани.
Неговата плата минатата година изнесувала 27, 3 милиони долари. Тилерсон стекнал околу 160 милиони долари од акциите во Ексон, плус 149 милиони долари од други акции, според податоците кои таа компанија ги достави до Комисијата за хартии од вредност и берзата.
Бил претставник на Ексон мобил во Русија во време кога на власт беше Борис Елцин, а денешна Москва го квалификуваа како конструктивен и професионален соговорник.
Во таа смисла бил и означен како соработник на Трамп, кој се залага за најдобри можни односи со Русија. Тој беше противник на сакциите воведени на Русија.
Стапи на должност на 1 февруари 2017 година, кога неговиот избор беше потврден од Сенатот на американскиот Конгрес.
Трамп го менува во очи на најавената средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, бидејќи го смета за премногу „естаблишментски настроен“.
Имаше неколку значајни разидувања со Трамп во врска со Северна Кореја, при што, како што наведуваат медиумите, Трамп се заканувал со „оган и бес“, а Тилерсон барал мирни решенија.
Несогласувања имаше и во врска со нуклеарниот договор со Иран, каде што Тилерсон бараше, шестката, која го потпиша тој договор со Иран, да го почитува потпишаното, наспроти Трамп, кој заговараше укинување на договорот и зборуваше дека ќе го „погреба“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук
-
Сто илјади навивачи на улиците на Тирана
-
Пронајдено телото на работникот од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат
-
Цонга ја заврши богатата кариера
-
Ѓорѓевски: Благословот од СПЦ е без ниту едно условување, нѐ прифаќаат како што сме
-
Пендаровски: Политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и на ЕУ
-
Директор во скопска фирма физички нападнал вработена
-
Руската армија зазела уште еден град во Доњецк