Македонија
23. September 2020 - 16:50

Кои училишта добија дозвола за настава со физичко присуство?

Министерството за образование не ги знае училиштата кои од Владата добија дозвола за настава со физичко присуство. Сител се обиде да добие информација кои училишта во Скопје добија ваква дозвола, но прес-службата на Образоние не ги знае точните имиња. Оттаму велат дека Владата е таа која ги известува општините, па доколку сакаме да ги дознаеме училиштата ќе мора да се јавиме во секоја општина посебно. Но, неколкуте општини со кои контактиравме се уште ја немаат добиена листата, единствено од Центар велат дека сите основни таму добиле ваква согласност.

Неофицијално, Владата јавно ќе ја објави листата со имињата на училиштата што добија дозвола за настава со физичко присуство, но се уште не се знае кога ќе се случи тоа.

Само четири средни училишта ќе можат да ги отворат вратите за учениците на 1 октомври. Средношколците велат дека тоа е резултат на тоа што владите досега не инвестирале доволно во средното образование и затоа во моментот тие не се технички подготвени да се следи наставата. Тие допрва ќе одлучувуваат дали ќе се вклучат на часовите од 1 октомври.

-Ние мислиме да направиме компромис да ја започнеме учебната година во октомври онлајн и ако во октомври епидемиолошката состојба со Ковид-19 е стабилна тогаш во ноември ќе бараме постепено учениците да се вратат во училиште, вели претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи.

Во студентските и средншколските домови капацитетите ќе бидат намалени за околу 50 отсто. Но студентите и учениците кои ќе бидат одбиение за сместување ќе добиваат надомест за сместување или за превоз.

-Секоја соба која што има две легла, во неа ќе биде сместен еден студент и секоја соба која има повеќе легла ќе има максимум по двајца студенти во една соба. Колкав ќе биде износот? Во одлуката гласи дека Владата одлучува, неофицијално можам да споменам дека тоа ќе биде некаде околу 6.000 денари, вели директот на Државниот студентски дом, Дарио Николовски.

Од 214, 169 основно училишта добија согласност за настава со физичко присуство. Кај средните пак, од 66 кои побарале, согласност добија само четири.