Македонија
15. February 2020 - 13:54

Кои се жртвите во двојното убиство во Скопје?

20-годишниот Бујамин Нуиши, познат како Пеливан една од жртвите на двојното убиство при грабеж на казино во Блаце, јавуваат албанските портали.

Двојното убиство се случило кога четворица маскирани мажи со автоматско оружје влетале во казиното за да го ограбат. Вооружените лица почнале да пукаат кон присутните.

Од куршум настрадал 22-годишниот В.Х. а, 20-годишниот Ниуши бил удрен со кундак во главата, по што починал.

Инцидентот се случил во раните утрински часови.