Свет
3. January 2018 - 10:03

Кои се шансите да се случи ова: Пред пет години снимил гром како удира во болница, а сега тоа повторно се случува

Громовите изминативе два дена зачестија во југоисточните делови на Австралија, при што областа околу една болница во сојузната држава Квинсленд беше погодена од интензивна бура и топчести молњи што паѓаа врз Брзата помош и Зградата за палијативна нега.

Снимки од сето тоа направиле двајца браќа, кои успеале да го „уловат“ на камера и моментот на удар на гром во болницата.

- Штом видовме дека доаѓа невреме, веднаш побаравме висока точка од каде што ќе го фотографираме градот, изјави Мок Локли, еден од двајцата автори на записот.

Интересно е и тоа што двајцата браќа снимила како истиот објект бил погоден од гром и во 2012 година.

При ударот на громот во болницата нема повредени.