Македонија
24. November 2021 - 21:25

Кои се можните причини за несреќата и пожарот во кој изгореа 45 патници

Брзината со која напредувал пожарот е клучна за текот на истагата за автобуската несреќа. Да имале 2 минути, сите патници би биле живи и би се спасиле, вели судскиот вешат Трпевски. Сообраќајката е многу лесна, автобусот удрил во банкина -  да се дупнала гума, брзината со која се движел од 100 километри на час, би го превртела. Овде тоа не се случило. Прашањата кои треба да се одговорат е дали имал 2 резервоара и дали превезувал туби со нафта.

Според информациите во бугарските медиуми, од лицето кое го гаснел пожарот, изјавил дека видел туби со гориво. Но тоа треба да се потврди, Ако имало такво нешто, тоа е серизна одговорност на одредени лица, изјави Дејан Трпевски, судски вештак.

Не ретко се случува превозниците да ставаат дупли резервори, поради големите разлики на цени кај горивата од земја во земја. Но тоа е сериозен прекршок кој треба да сноси голема одговорност. Од друга страна пак, резервоарите кои се вградени во автобусите се така направени, да ако се дупне, течењето горово биде споро.

И да се дупне, ако се исече, горивото споро истекува., резервоарите имаат еластичност, се со цел да се заштитат патниците. Е сега, ако има дупли резервоари прашање е од каков материјал се направени, Претпоставувам од пластика или обичен лим, без никакви стандарди, без никакви критериуми и сертификати, додава Трпевски.

Трпевски очекува најрано за 6 месеци да заврши истагата, но можеби орговорност никогаш нема да се утврди, затоа што сите клучни докази се изгорени.