Балкан
2. February 2017 - 13:33

„Коха“: Специјалниот суд за воените злосторства во Косово ќе почне со работа напролет

Меѓународните судии во Специјалниот суд за воени злосторства извршени во Косово ќе бидат назначени најдоцна до почетокот на следната недела. Тоа значи дека Судот ќе почне со работа напролет, пишува приштински „Коха Диторе“.

Претставничката за медиуми на Судскиот совет при Специјалниот суд, Авис Бенес изјави дека се потребни три чекори додека Судот да стане оперативен. Според неа, тие три чекори се - именување судии, пленарна седница на која треба да се усвои регулативата за процедури и докази, и на крај - разгледување на таа регулатива во Уставниот суд.