Балкан
6. April 2016 - 12:52

„Коха диторе“: Косово не планира наскоро да се кандидира за членство во ЕУ

Приштинскиот весник „Коха диторе“ оценува дека Косово нема да се кандидира за членство во ЕУ веднаш по стапувањето во сила на Договорот за стабилизација и асоцијација.

Косовскиот министер за евроинтеграции Беким Чолаку истакна  дека Владата оваа година треба да биде многу поефикасна при спроведување на реформите.

- Зависно од овој резултат и во целосна соработка со институциите на ЕУ. ќе одлучиме кога ќе поднесеме барање за членство, нагласи Чолаку.