„Коха“: Демократскиот сојуз на Косово може да предизвика нови избори
Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ја разгледува можноста да не влегува во коалиција ниту со движењето Самоопределување, ниту со коалицијата на Демократската партија на Косово (ПДК) и Алијанса за иднината на Косово (ААК), по цена последицата од тоа да бидат нови парламентарни избори на Косово, наведува весникот „Коха Диторе“.
Неименувани извори од партијата за приштинскиот весник изјавиле дека ЛДК е нерешителна заради стравот дека формирањето на влада со Самоопределување може да придонесе кон натамошно зајакнување на ова движење.
- Во претходната коалиција со ПДК, ЛДК имаше власт во Владата, всушност ја предводеше владата. Сега, меѓутоа, кога не се очекува да добие премиерско место, ЛДК стравува дека може да биде во сенка на доминантната сила на Самоопределување, наведуваат истите неименувани извори.
Официјални претставници на ЛДК за „Коха“ изјавија дека партијата се уште нема донесено конечна одлука.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор