Кога влегов во пубертет, градите почнаа да ми растат и уште не застанаа - Фиона(25) не може да стои подолго од 5 минути
Фиона Хорби (25), мајка на едно дете од Болтон, има огромни гради поради кои вели, не може да стои ниту пет минути.
- Бидејќи не можам да стојам подолго од пет минути, просто не можам ни да ја напуштам куќата. Да не зборувам за морничавите болки кои ги трпам во грбот, а истотака не можам ни облека да најдам за себе. Практично, моите гигантски гради ми го уништија животот. Немам ни трошка самодоверба, раскажала Фиона.
- Луѓето мислат дека имам големи гради бидејќи сум дебела, што тоа не е вистина. Покрај тоа, луѓето мртви ладни ми доаѓаат иако некои и не ме познаваат да ме прашаат дали се мои или силикони, очајна е младата жена која како што вели градите почнале да и растат во тинејџерската доба и никогаш не престанале да растат.
- Сите во училиште ме малтретираа и ме навредуваа бидејќи мислеа дека намерно ги истакнувам градите во преден план, а вистина е што и да облечам со толкави гради тие навистина беа видливи. А за болката која ми ја нанесуваат не сакам ни да зборувам. Сите жени ми велат дека радо би сакале да се менуваат со мене, но поима немаат низ што поминувам. Не можам ни да спијам бидејќи просто не можам ни да најдам положба во која градите нема да ме гушат. Не можам ни да работам, ни да вежбам, дури ни да шетам. Очајнички ми треба операција на смалување на градите, но моето здравствено осигурување тоа не го покрива, па сум приморана да ги молам луѓето на Интернет за донација, рекла таа, додавајќи дека поради нив не можела ниту да го дои детето поради големината, а и се плашела да не го задуши.
Ново на Сител
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница