Бизарно но вистинито
11. August 2017 - 16:55

Кога видов дека претурале по гробот на мојот син по втор пат умрев, татко во шок бидејќи крадци го отвориле сандакот на Иван

- Во неделата кога приметив дека гробот на мојот син Иван Богдановиќ (21) е отворен по втор пат умрев. Низ глава ми поминуваа мисли зошто некој да му ги померува коските и да го вознемирува неговото вечно почивалиште - со тие зборови ја започнува исповедта Милан Богдановиќ од Обреновац.

Тој додал дека неговата сопруга и тој прв пат умреле пред пет години, кога синот им настрадал во сообраќајна несреќа, а дека сега повторно умрел бидејќи непознати вандали го отвориле гробното место и се обиделе да го отворат сандакот со телото на Иван.

Крадците го отвориле дрвениот сандак, но не успеале бидејќи не успеале да дојдат до посмртните останки бидејќи се наоѓа во лимен ковчег.

- Пет години сопругата и јас секојдневно го посетуваме гробот на нашиот син. Во неделата околу 18 часот дојдов да го посетам синот и додека го бришев споменикот, ми се причини нешто сомнително. Приметив дека една од трите плочи стои чудно - раскажал Милан за Ало.

- Само што ја допрев, таа се слизна, а потоа видов дека бетонската плоча која се наоѓа под е полу отворена. Не можам да ви објаснам како се чувствував во тој момент, бес и тага, заедно, да ги затекнев кога го отварале гробот незнам што би било - додава.

Според неговите зборови веднаш го известил чуварот на гробиштата а потоа и полицијата.

- Додека ја чекав полицијата да направи увид, низ мисли само ми поминуваше да не му ги допирале коските на мојот син. Зошто тоа го правеле, која им била намерата? Бев нестрплив да дознам што се случило. Меѓутоа, поради темнината и лошето време увидот беше прекинат и продолжен утредента.

- Утрото не можев да го дочекам да бидам искрен. Низ глава ми минуваа разни мисли. Помислив што треба да правам за да го заштитам гробот на синот. Зар треба да го земам сандакот и да го донесам дома за да има мир кога го нема на гробишта?! 

Милан додава дека рано утрото бил на гробишта и ја чекал полицијата.

- Почнаа да земаат отпечатоци прво од мермерната а потоа од бетонската плоча. Кога видов отворен и поместен сандак срцето ќе ми пукнеше. Помислив дека ги ги поместувале и допирале коските на мојот син, но кога го видов неотворен лимениот ковчег кој се наоѓа во дрвениот сандак ми олесна.

- Признавам многу сум огорчен поради она што се случило. Никој дури ни од гробиштата не се јави да упати извинување. На мене ми останува надежта дека полицијата ќе успее да открие кој го сквернавел гробот и зошто, бидејќи од него ништо не е украдено - вели Богдановиќ.