Кога се родила со изгледот ги шокирало лекарите: Никој не можел да открие што ѝ е, а 20 години подоцна изгледа вака
Кон крајот на 90-тите години од минатиот век, Мери и Бред Киш од Илиноис, со голема радост го дочекале раѓањето на својата ќерка Мишел. Целата бременост минала нормално, како и самото породување. Баш ништо не укажувало на тоа дека нешто може да тргне на лошо.
Меѓутоа, кога лекарите и родителите го прегледале новороденчето, било јасно дека нешто не е во ред. Како што велат, премногу се разликувала од нормалните бебиња. Посебно, велат, ги шокирало тоа што нејзиниот нос бил како клун.
Лекарите не можеле да им објаснат на родителите што се случува со детето. Мишел сама ги минувала часовите читајќи стручна литература и сама дошла до одговорите. Не се лекарите виновни, постојат уште само 250 деца ширум светот кои ја делат состојбата од која пати Мишел.
Станува збор за "Hallermann-Streiff" синдромот, кој се случува еднаш во пет милиони случаи. Децата кои се раѓаат со овој синдром имаат бројни сериозни здравствени пречки. Мишел зависела од туба за хранење, апарати за слушање, стап за одење, електрична количка и вентилатор.
А на сето тоа, Мишел боледува и од дварфизам. Иако Сара, нејзината постара сестра, од неа е постара само две години, Мишел не и е ни до половината.
И лекарите немале добри прогнози за Мишел. Родителите, природно, за тоа не сакале ни да слушнат. Не се откажувале од неа, и денес Мишел, на општ шок за лекарите, има 20 години. Сепак, поради изгледот, многумина мислат дека е дете.
Мишел и денес е "маѓепсана" од својата постара сестра Сара и вели дека сака да прави исти работи како и таа. Мишел сака да најде и емотивно момче со долга коса. Весела е и насмеана, и не се жали за проблемите кои ги има, велат нејзините родители.
Ново на Сител
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд