Свет
3. August 2015 - 10:56

Кога санкциите ќе бидат симнати

Економист - Лондон

Ако фоајета во најексклузивните хотели во Техеран се било каква мерка, тогаш навалата веќе започна. Пред шест месеци, тие примаа само чудни кинески бизнисмени. Сега заживеаја со западњаци кои навалуваат за бизнис. Трговските делегации почнаа да пристигаат. Првата значајна личност по потпишувањето на нуклеарниот договор помеѓу Иран и светските сили на почетокот на месецов беше германскиот вицеканцелар Сигмар Габриел, кој на 18 јули доведе група извршни директори во главниот град на Иран. И во Хавана хотелите заживеаја. И пред Америка и Куба да ги отворат амбасадите на 20 јули, резервациите се зголемија. Па дури и откако двете земји го најавија приближувањето минатата година, американски адвокати родени на Куба организираа бизнис патувања во кубанската престолнина за нивните најважни клиенти, со ветување дека ќе пробаат најдобар рум, цигари и тропска носталгија. Американските компании желно чекаат да се приклучат, затоа што одамна гледаат како канадски, шпански и други фирми вмаршируваат први.

Овој невообичаен спој на двете одамна изолирани земји како брзо се приклучуваат на комерцијалниот мејнстрим е добро и за консултантите. На почетокот на годинава,корпорацијата Илиа, советодавна фирма од Техеран, која заедно ја водат германци и иранци, немаа ниту една странска фирма за свои клиенти. Во април имале три, сега тврдат дека се 18. Во меѓувреме, во американските адвокатски фирми експерти од други области се ангажираат во тимовите за Куба, за да помогнат во се пообемната работа. Педро Фрејре од Акерман, една од тие фирми, вака ја опишува ситуацијата: „Боже! Телефоноот не престана да ми звони. Ова е лудило!“

Сета активност која е во тек и првичната навала за повторно вклучување на Куба и Иран, полека но со сигурност ќе отвори пат за померлив пристап за повеќето од нив. Ќе требааат месеци, ако не и години, пред санкциите за двете земји да бидат целосно симнати. Дури тогаш големите странски фирми ќе се соочат со пречки за водење бизнис, а уште повеќе за правење профит.

Кубанската и иранската економија се дијаметрално различни: едната е мал остров кој се наоѓа во близина на Флорида, другата е блискоисточна сила која лежи на океан од нафта. Видот санкции за двете земји исто така е различен. Оние за Куба се наменети речиси ексклузивно за Американците. Во случајот со Иран, тие се наменети за и за неамерикански фирми. Европски и азиски банки кои работат бизнис со Иран без официјална дозвола, на пример, ризикуваат нивните сметки да бидат затворени.

Но Куба и Иран имаа едно нешто задничко: тие се доволно развиени и можат да процветаат само долку санциите сосема бидат укинати. Посебно во случајот со Иран која би требало да биде способна да привлече многу повеќе странски инвеситиции заради својата големина. Многу други земји на кои им се наметнати санкции се похаотични и имаат многу помалку образувано население, и затоа „не се способни за раст откако санкциите ќе бидат симнати“, вели Гери Хуфбауер од Институтот Петерсон за меѓународна економија.

Некои први чекори на Куба се ветувачки. Чартер авиокомпании веќе успешно пренесоа 12 категории Американци (без туристи) на кои сега им е дозволено да патуваат на островот. А за влегувањето во процветаниот кубански пазар за издавање недвижности, директори од Аирбнб рекоа дека веќе околу две илјади луѓе објавиле дека издаваат соби во своите домови преку нивната онлајн агенција, и за издавање наплатуваат неколку пати повеќе од нивната месечна плата од 25 долари.

Затоа што е поголема економија, и шансите на Иран се поголеми. „Малку држави имаат таков неочекувани побарувања за инвестиции“, вели Роки Ансари, комерцијален адвокат и бизинис аналитичар од Техеран, кој јас проценува потребата на Иран за инвестиции повеќе од еден трилион долари. Во следните пет години, на земјата ќе и требаат 230 до 260 милијарди долари инвестиции во нафта и гас, вели аналитичарот. И на инфраструтурата итно и треба обнова. На Иран еар очајно и требаат инвестиции уште од Иранската револуција во 1979 година, и чека да купи неколку ститици аиони.

Веќе се случуваат и некои гринфилд инвестиции со странски корени. Дебенхамс, британскиот ланец стоковни куќи има неколку локации низ Иран, меѓу кои е и онаа на главната улица во Техеран. Боинг се враќа да преговара за бизнис, и по претходните олеснувања на санкциите во 2013 година, компанијата повторно продава резервни делови. „Кликнете тука за да аплицирате за добивање франшиза во Иран“, стои на веб страната на Мекдоналдс, ланецот ресторани за брза храна.

Но во двете земји допрва треба пилињата да се фатат, да не зборуваме да бидат претвоени во медаљони. Големите прехранбени компании желно сакаат да влезат на Куба, но ембаргото си спречува да ги користат американските банки за да добијат кредити со цел да испорачаат свои производи. Дури и оние индустрии кои имаат дозвола да работат со Куба, како што се земјоделието, медицината и телекомите, имаат пречки на својот пат. Најголемите се финансиите. Иако админстрацијата на Обама во април ја тргна Куба од листата на земји кои „спонзорираат тероризам“, за олеснување на рестрикциите во банкарството оговорот е миогу бавен. На 21 јули, банката Стоунгејт на Флорида стана првата американска банка која може да отвори резидентна сметка на Куба, со што се овозможуваат финансиски трансакции помеѓу двете земји. Слично на тоа, и ако нуклеарниот договор со Иран помине во Конгресот, Исламската република допрва треба да имплементира 11 поврзани мерки и сплет на подклаузули. А евентуален спор околу било која од нив може „се да врати на почеток“, се плаши еден бизнисмен кој патува од Лондон за Техеран. Шеесет и пет дневниот „тест механизам“ за повторно да се воведат санкциите ако договорот биде прекршен, ќе ги обесхрабри банките од повторно тргување со нивните ирански колеги. Се додека се државт настрана, поголемиот дел од 100-те милијарди долари приходи од нафта на Иран кои се држат надвор, ќе останат таму.

Јон Епстејн, адвокат во Холанд енд Најт во Вашингтон, вели дека ги советува клиентите да не бидат првата фирма која ќе влезе на Куба, туку да си дадат пауза од пет години за влегување на тој пазар. Тој смета дека искуството таму – по половина година подеми и падови – е корисно тсстирање на реалноста дека бизнисите сега аплицираат за Иран. Во оваа фаза само ги гледаме потенцијалите од укинување на санкциите“, вели Најџел Кушнер, британски адвокат кој советува фирми за Иран.

Најголема пречка за растот по санкциите можат да бидат владите на двете земји. Прифаќањето на приватниот бизинис на Куба, е благо кажано во застој. Властите се бавни да дозволат странски финансирани проекти во специјалната економска зона Мариел; во изминатите 18 месеци само на пет фирми им е дозволена работа таму. Кубанските бирократи се френетично исплашени од ризикот и не се предаваат. „Незнаењето кому да му се пријде и како да се избеде тоа, е тое е проблемот“, вели Томас Гудман од советодавната компанија Коен груп.

Во Иран, Мухамед Џавад Зариф, минстерот за надворешбни работи, го претстави нуклеарниот договор во парламентот како триумф. Но зад неговата насмевка редица проблеми ја притискаат економијата. Иран се наоѓа на 130-то место на листата на земји како најлесни економии за бизнис на Светска банка. Нејзиното неприсуство во Меѓународнот центар за средување на спорови во инвестициите, арбитражната комерцијална служба на Светска банка, ги паузира инвеститорите. Корупцијата дивее, а ревизијата на старите комерцијални закони е закочена во парламентот.

Во неговите предизборни ветувања, претседателот Хасан Рохани едвај почна да се справува со закоравените интереси кои ги гледаат санцкиите како форма на протекционизам кој ја држи конкуренцијата надвор од пазарот. Револуционерната гарда контролира огромен дел од економијата. „Али Хамнеи (врховниот лидер) ја смета глобализацијата како закана за националата безбедност, и бара Револуционерната гарда да биде шок аспорбер за економијата“ против таквите сили, вели Али Ализадех, политички аналитичар во Лондон. 
Укинувањето на санциите ќе ги отвори вратите за инвеститори. Но само ако владетелите во Хавана и Техеран сакаат реформи, економите ќе се трансформираат.