Живот
13. January 2017 - 11:43

Кога ми пропадна бракот, решив да стан спонзоруша! Денес живеам вака, а луѓето мислат дека сум ...

Скапи вечери, забави на јахти, шопинг во дизајнерски бутици - тоа е реален живот на ЖанМари Алмилу, спонзоруша која тврди дека нејзиниот начин на живот всушност ги зајакнува жените. 

Оваа 25-годишна девојка од Флорида ужива во својот екстравагантен стил, благодарејќи на големиот број спонзори кои ја честат вечери, патувања, па и пари. На 17 години се вратила на неколку месеци кај роднините на татко ѝ во Абу Даби, од каде побегнала од договорен брак. 

- Не се врти се околу сексот. Тие всушност бараат некого со кого можат да збпруваат. Да им се само за секс, ќе одат на екскорт услуга. Тие сакаат друштво, некој што ги разбира и со кого ќе можат да позборуваат за време на вечера. 

Луѓето тоа го поврзуваат со проституција, демек доаѓа клиентот, даде пари и си оди. Ова не е така, често сексот не е ни вклучен - вели таа.