Македонија
9. October 2015 - 16:10

Кога констатираа дека немаат поддршка ни дома ни во дијаспората, социјалдемократите создадоа криза

Договорот меѓу Заев и Ахмети Државната изборна комисија да одлучува со бандентерово мнозинство е повторување на договорот кој Црвенковски го направи со лидерот на ДУИ за територијалната поделба на Македонија пред повеќе од 11 години.

Тогаш, Струга и Кичево станаа доминантно албански општини, коментираат експертите. Според нив, доколку помине предлогот на Заев и Ахмети, Албанците ќе го имаат главниот збор во ДИК во наредните изборни циклуси.  Бадентеровото мнозинство значи дека со секоја одлука на ДИК во општини каде што има над 20% Албанци ќе мора да се согласат најмалку двајца албански членови во Комисијата.

Тоа би значело во доминантно македонски општини како што е на пример Бутел,  за приговор во населбата Радишани каде што живеат само македонски гласачи, одлуката ќе треба да ја донесат двајца етнички Албанци. Тоа значи дека одлуките не би се носеле врз основа на факти, туку исклучиво според етнички принцип.

И актуелните членови на ДИК предупредуваат дека Заев игра опасна игра и ги продава македонските национални интереси.

„Неправедно е кон останатите 7 членови на ДИК кои ќе бидат во новиот состав да имаат помало право на глас од колегите Албанци. Според мене, тоа ќе внесе голем проблем во ДИК и во начинот на одлучување. Ваквата поставеност нема да гарантира дека ДИК ќе решава врз основа на факти, туку одлуките ќе се носат по етнички принципи

Пазарот меѓу СДСМ и ДУИ доаѓа како плод на напорите на Заев да и го одземе правото за глас на дијаспората. Имено, за да ја добие поддршката од ДУИ дијаспората да не гласа на овие избори, Заев освен тоа што го прифати воведувањето на бадентеровиот принцип на одлучување во ДИК, тој се откажа и од активната регистрација на гласачи откако повеќе од една година, креираше политички тензии во Македонија обвинувајќи дека на последните избори, токму поради непречистениот избирачки список, на СДСМ и биле украдени 150.000 гласови.

Уште една опасност која доаѓа од пазарот на Заев со Ахмети е и можноста утре, албанските политичари да побараа според бадентеровиот принцип да се носат одлуки во Уставниот Суд или Владата со што Македонците иако се мнозински народ, нема да можат да носат одлуки во сопствената држава.  Но експертите велат дека состојбите во СДСМ се такви што на партијата не и останува ништо друго освен да ги продава македонските национални интереси во замена за некаква поддршка од албанските партии. Во таа насока е и предлогот на Фрчковски даден среде преговори, Албанец да стане премиер на Македонија

Експертите, но и опозиционите новинари предупредуваат дека Заев во април го чека уште еден тежок изборен пораз.  Уредникот на соросовиот Плусинфо во колумна предупредува дека засилените активности на премиерот Груевски во последните месеци му го зголемиле рејтингот за повеќе од 3%.