Живот
5. May 2016 - 20:32

Кога ќе видите што може да направи овој октопод ќе ви застане здивот

Рибарите од снимката која е објавена на Јутјуб каналот „МаксАнимал“ биле многу изненадени кога на својот брод забележале „непоканет гостин“.
 
Октоподите немаат внатрешен скелет, благодарение на што тие можат да се провлечат низ многу мали дупки.
 
Дали ќе можат да поминат низ отвор проценуваат врз основа на тоа дали во дупката може да влезе предниот дел од нивната глава.
 
Токму со оваа техника се послужи и октоподот кој неодамно стана ѕвезда на социјалните мрежи.
 
Како изгледаше подвигот на љубопитниот мекотел, можете да видите на приложената снимка.