Македонија
28. January 2023 - 16:36

Кога ќе преговараат Таравари и Ковачевски?

Затишје во СДСМ и Алијанса на Албанците по синоќешната одлука Таравари  и неговиот тим да отпочне преговори со Ковачевски за влез на неговата партија во Владата. Иако лидерот на Алијанса веднаш по состанокот изјави дека е подготвен да седне на маса уште денес, двете партии молчат кога и на кое ниво би се случиле средбите на преговарачките тимови.

Засега и Таравари и Ковачевски тврдат дека за евентуалната коалиција прво ќе се одлучува врз основа на програмски цели, а потоа за кадровската политика. Премиерот тврди дека нема проблем во владината коалиција поради влезот на Алијанса, и дека владејчакото мнозинство е стабилно и покрај огнената група на ДУИ и негодувањата од Алтернатива и Демократски сојуз.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак, вели Алијанса влегува во Владата само за да стане власт и да се придружи на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски е дециден дека независно колку ќе се проширува владејчкото мнозинство, 80 пратеници за уставни измени нема.

Владините партнери Ковачевски и Ахмети пак, и понтаму велат дека уставните измени ќе се случат.

 „Уставните измени мора да се направат бидејќи тоа е задолжителен респектабилен договор. Ова ќе се случи за два-три месеци, но мора да се случи, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните на оваа држава. Тоа е заедничка мисија на  сите нас бидејќи доброто што ќе дојде нема да дојде само за Албанците туку за сите граѓани“.

Таравари, иако претходно го псотави како услов за влез во Владата,  вчера потврди дека нема гарнација од власта за обезбедни за доволен број пратеници за уставни измени, но дека сепак дава шанса на процесот.