Балкан
6. July 2017 - 13:28

Кога го видел бебето, лекарот само што не заплакал: Да не даде Господ вакво нешто никому!- Првото бебе им донесе пекол

Дека најсреќниот ден во животот ќе имс е претвори во хорор, брачната двојка Ернад и Мирнеса Бечак од Биљешево кај Какањ воопшто не можеле да насетат.

Кога Мирнеса го родила девојчето, лекарите од Какае под итно ја упатиле во болницата во Зеница зошто девојчето е родено со аномалии на колковите, поради што нозете и одат преку рамената. Докторите во Какањ предупредиле за опасноста уште во вториот месец од бременоста, но експертите од Зеница тврделе дека плодот добро се развива. пишува Аура.ба.

Бидејќи во текот на бременоста, редовно оделе на гинеколог на контрола, за што сведочат и наодите на лекарите, кои цело време тврделе дека со бебето било се во ред, сознанието дека добиел дете со аномалии било огромен шок.

УШТНЕ НЕ МОЖАТ ДА ПОВЕРУВААТ ШТО ГИ СНАЈФЕ: Ернад Бечак и неговата мајка Латиф

-Едвај чекав да ми се роди првото внуче и тогаш ни се случи пекол. Се почна во вториот месец од бременоста. Одиме кај докторката во Какањ, која забележа дека на бебето едната нога му е свиткана. Не испратија во зеничката болница, се присетува мајката на Ернад, Латифа, која со снаата одела на лекар во текот на целата бременост.

Со препорака да направат преглед во зеничката болница, каде имало подобри апарати, заминале уште истиод ден во Зеница.

-Плачејќи чекав додека траеше прегледот во Зеница. Излезе снаата со насмевка и рече дека лекарот и рекол дека се е во ред и повторно редовно да доаѓа на контрола, додавајќи дека докторот не се потпишал на наодот, а подоцна дал образложение дека заборавил, раскажува Латифа.

Мирнеса продолжи да оди на прегледи во Зеница. Секој ден излегуваше насмеана зошто лекарите тврдеа дека се е во ред.

Дури и прегледите, тврди семејството Бечак, ги извршувале неколку лекари. Сепак никогаш нема да го заборават денот кога дочекаа да добијат ќерка и прво внуче. Бидејќи лекарските наоди тврделе дека се е во ред, одлучиле Мирнеса да се породи во Какањ.

-Никогаш нема да го заброавам тој петок, став и ужас. Докторот излезе и само што не почна да плаче. Целиот се тресеше. Само рече: Да не даде Господ никому“. Доживеавме шок. Од тој ден сме на таблети, вели низ солзи бабата Латифа која се уште не смогнала сили да ја види својата внука.

Несреќното девојче го чекаат бројни хируршки интервенции. Но дали некој од медицинскиот персонал ќе одговара?

Бебето по раѓањето итно е префрлено во зеничката болница. Поради тешките аномалии на колкот, поради кои ножињата и растат кон рамената, десната нога во пределот на коленото е споена со кожичка. Опериран и е и рбетот. Семејството Бечак е во шок.

Ако лекарката уште во вториот месец забележала дека нешто не е во ред, како во Зеница тоа не го виделе до крајот на бременоста? Зошто не ја испратиле на 4Д ехо? Како сега ќе се носи со тоа детето и семејството кои ќе страдаат цел живот, се само дел од прашањата што ги мачи семејството.

Велат дека имале сознанија дека лекарите вината сакале да ја префрлат на мајката, како не одела редовоно на контроли, но Латифа вели дека имаат документи за секој преглед - вкупно 12.

Првите прогнози од лекарите, вели семејството се дека се работи за потежок случај и дури и тие не можат да веруваат како можеле да направат ваков пропуст.