Фудбал
21. April 2018 - 18:10

Кога Алиоски „тресит“ и Лидс „месит“!

 Езџан Алиоски повторно се запиша во листата на стрелците со што Лидс го совлада Барнсли со 2-1 во денешниот меч од Чемпионшип.

Македонецот  го постигна седмиот гол за Лидс, сезонава со што го постигна и вториот погодок за својата екипа во дуелите со Барнсли оваа сезона.

Со неговиот погодок Лидс го скрши отпорот на екипата која се бори за опстанок. Лидс ги загуби шансите за настап во баражот за пласман во Премиерлигата во првата сезона на Алиоски во клубот. Седум погодоци е солиден учинок за играч кој ја игра деби сезоната, а нашиот репрезентативец има и пет асистенции.