Кога актер во воз ќе „стане“ терорист
Во тоалетот на еден француски брз воз на релација Марсеј - Париз, еден актер вежбал улога за филм на англиски јазик, што го вознемирило контролорот, кој во паника повикал полиција мислејќи дека станува збор за терорист.
Како што објави „Фигаро“, полицијата веднаш интервенирала и актерот бил уапсен на следната станица.
До инцидентот дошло кога 35-годишен актер одлучил да се изоллира од другите патници во возот и во мир да се „преслуша“ во тоаретот, повторувајќи го текстот за театарска претстава.
Сепак, кондуктерот наслушнувајќи ги зборовите „оружје“ и „пиштол“ на англиски јазик додека поминувал покрај тоалетот, се испаничил и повикал полиција.
- Во услови на зголемена опасност од тероризам и засилени мерки на безбедност, кондуктерот не сакал ништо да ризикува, изјави портпаролот на Француската национална желеница.
Возот по повикот од кондуктерот вонредно застанал на прбата следна станица во Валанс, каде веќе биле распоредени десетина полицајци, кои го уапсиле актерот и одвеле во полициска станица.
Откако се разјаснило за што станува збор, актерот бил ослободен, па со следниот воз го продолжил патот кон Париз.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени