Коѕијас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000 илјади, Грците ги кршат стереотипите
- Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100 илјади и сега на четири илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече Никос Коѕијас, коментирајќи ги вчерашните протести во близина на Преспа.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, веднаш по потпишувањето на договорот со Македонија, се сретна со префектот на областа Западна Македонија, Теодорос Карипидис, кој му предаде резолуција од регионалниот совет во која се изразува несогласувањето на граѓаните со договореното сложено име со географска одредница, ерга омнес.
Карипидис, паралелно, го извести Коѕијас за протестите и повредените, на што шефот на грчката дипломатија коментираше дека бил мал бројот на демонстрантите,заклучи дека Грците ги кршат стереотипите и се запраша „дали било протест или обид да се спречи потпишувањето на договорот“.
- Локалното население овде не треба да протестира, бидејќи ако имаат можност за развој и да имаат добивка во животот, тоа е оваа соработка меѓу државите, му порача Коѕијас на префектот во кусиот дијалог камерите
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација