Балкан
28. May 2018 - 10:38

Коѕијас во посета на Германија

По активностите во Брисел и учеството на Советот за надворешни прашања на ЕУ, шефот на грчката дипломатија денес попладне заминува за Германија каде што ќе биде примен од претседателот Франк Валтер Штајнмаер, додека пак утре ќе се сретне со неговиот германски колега.

Според официјалното соопштение од грчкото МНР, како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Коѕијас и Хеико Мас ќе разговараат за прашања поврзани со билатералната соработка, но и за теми од европски и регионален интерес со акцентот ставен на последните случувања на Западен Балкан и на Блискиот Исток.

Од министерството за надворешни работи на Грција, соопштуваат дека во текот на јуни, Коѕијас ќе ја посети Москва по покана на рускиот МНР, Сергеј Лавров, а потоа во Атина, ќе го прими шефот на француската дипломатија.

-Конкретниот циклус високи контакти на министерот за надворешни работи ќе заврши со официјална дводневна посета на Кина во текот на летото, соопштуваат од грчкото МНР.